Бајка со среќен крај: Хрватска го освои третото место на Европското првенство

634

Одличен натпревар на хрватската репрезентација во последниот меч на Европското првенство. „Коцекстите“ од самиот старт го наметнаа своето темпо, на крајот сосема заслужено славеа против Исланд со 33-34 и го освоија третото место на шампионатот. За Хрватска ова е четврта бронза, прва после 2016 година.

После првото полувреме (14-17), хрватските ракометари влегоа во уште посилен ритам и поведоа со плус шест 23-29 во 47-та минута. Исланд сепак успеа на момент да притисне и да им направи протисок на Хрватите, на две минути до крајот беше 31-33. Главаш не успеа да реализира од седум метри и тоа во период кога противникот беше со двајца играчи помалку на теренот. Магнусон на другата страна од пенал намали на 32-33 за драма во последната минута. Главаш после тајм-аутот ја поправи грешката, немаше време за нешто повеќе.

Лучин имаше девет гола, Начиновиќ запиша шест погодоци. На другата страна Магнусон запиша 12 гола.

Од 18 часот следи финалето меѓу Данска и Германија.

ПретходноОва се зборовите со кои Новак ја “запали“ Србија!(ФОТО)
СледноЛудница на “Олд Трафорд“: Шешко е херојот, Јунајтед на Карик не се шегува!