Лоша вест за Реал: Белингем го скинал мускулот?!

195
ФОТО: Real Madrid C.F/FB

Иако Реал Мадрид во еден драматичен меч успеа да го победи Рајо Ваљекано со 2:1 и тоа со гол од пенал на Мбапе во 90+10.минута, сепак “кралевиуте“ немаат причина за голема радост. Причина е повредта на Џуд Белингем.

Беше 9-та минута на „Сантијаго Бернабеу“ кога Белингем почувствува болка во левиот тетивен мускул.  Англичанецот трчаше и падна на земја, држејќи се за задниот дел од ногата . 

Тој се упати кон соблекувалната со сериозен израз на лицето. Повредата укажува на можно кинење , иако ќе бидат потребни медицински тестови за да се потврди.  Белингам беше заменет на теренот од Брахим Дијаз кога ја премина аут-линијата, видливо вознемирен .

ПретходноАталанта со бод кај Комо, Карнесеки му одбрани пенал во 90+8.минута на Нико Паз!
СледноСтоле и Валенсија со пораз кај Бетис!