Маџари – МКК Куманово 94:78. Маџари уште еднаш покажа сила и успеа да забележи уште една победа во меч од 13.коло во елитната кошаркарска лига во Македонија. Иако дебитант во елитата, ова беше седма победа на овој тим кој и натаму е хит во првенеството, па така сега со 20 бодови се наоѓа на делба на 4.место на табелата.
На стартот домашниот состав покажа во кој правец ќе оди овој меч ако се знае дека првата четвртина успеа да ја добие со +10 поени разлика, 29:19. Во втората четврртина кумановци покажаа „заби“, ја добија во својка корист со +1, но сепак тоа не беше доволно за да се дојде до најава за пресврт.
Во второто полувреме Маџари знаеше како треба да одигра за да не дозволи било какво изненадување па на крајот заслужено славеше.
Армстронг со 27 и Грин со 23 поени беа предводници во победата на Маџари а бадијала беа тие 25 поени на Луковиќ во редовите на гостите.










