Шарлот Хорнетс моментално се еден од најдобрите тимови во НБА. Тие се во серија од шест победи, од кои последната ја забележаа дома, против Сан Антонио Спарс со 111:106.
Со серија каква што ниеден тим во лигата моментално нема, а ја немале од 2016 година, тие се приближуваат до местата што гарантираат настап во плејофот. Моментално, со 22 победи, тие се на 11-то место во Источната конференција, две победи зад посакуваната десетта позиција, која води до плеј-ин. Брендон Милер постигна 26 поени и осум скока за домаќините. Дилан Харпер беше најдобар стрелец на Спарс со 20 поени.
Видео од прославата на Хорнетс се прошири на интернет по натпреварот. На видеото може да се види како тренерот Чарлс Ли изведува акробации во соблекувалната, а Ламело Бол беше меѓу највеселите.
Hornets Head Coach Charles Lee & LaMelo Ball were HYPED after the win. 🤣🔥
(via @hornets)
— Hoop Central (@TheHoopCentral) January 31, 2026
Ембид постигна 40 поени и 11 скока, вклучувајќи 17 во четвртата четвртина, за да им помогне на „76ерс“ да дојдат до победа над Њу Орлеанс Пеликанс од 124-114. Садик Беј ги предводеше „Пеликанс“ со 34 поени.
На останатите мечеви, Индијна ја победи Атлантаа со 129-124, Мемфис загуби од Минесота, Чикаго славеше против Мајами со 125-118, Хјустон го победи Далас со 111-107.










