Шампионот попладнево ја одигра својата последна пријателска средба во Анталија. Шкендија – Ордабаси 1:1 е исходот од оваа контрола на македонскиот првак против составот од Казахстан. Инаку Ордабаси поведи со голот на Мејли во првото полувреме, а во финишот Шкендија со голот на Трумчи успеа да го израмни резултатот за конечни 1:1.
По оваа пријателска средба експедицијата на Шкендија се враќа дома каде ќе ги финишира своите подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната 2025/26, во кој тетовци на 19 и 26 март играат и во Лигата на Конференции против турскиот Самсунспор.
Во Гостивар, Арсими со 3:0 славеше против Кожув.















