Сити кај Тотенхем имаше 0:2, но не победи: Мајсторија на Соланке! (ВИДЕО)

101
ФОТО: x.com/GoalsXtra

Реми во Лондон на дербито меѓу Тотенхем и Манчестер Сити со резултат 2:2 и тоа на задоволство на Арсенал кој сега има +6 бода пред “граѓаните“.

Интересен меч по кој тимот на Пеп Гвардиола може да жали ако се знае дека на пауза замина со 0:2 со головите на Черки и Семењо.

И тогаш на сцена стапи Доминик Соланке кој прво во 53.минута намали на 1:2 за да во 70.минута по асистенцијата на новакот Галагер, постигна фантастичен гол кој ретко се гледа на фудбалските терени на воодушевување на домашните фанови на “Тотенхем стадионот“.

Рековме веќе дека по овој меч, по ова 24.коло најзадоволни можат да бидат во таборот на Арсенал (53), тим кој сега има 6 бодови предност пред вториот Сити (47) во битката за титулата.

Трета е Астон Вила со 46 бода, следуваат Манчестер Јунајтед со 41, Челзи 40, Ливерпул 39.

ПретходноФиналето не е завршено, а Гидсел веќе испиша историја на Европските првенства
СледноДанска го оствари големиот сон – Европска титула за „триплета“