Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на првиот Гренд Слем турнир годинава, популарниот Австралија Опен. Алкараз во финалето го победи легендарниот Новак Ѓоковиќ кој со 38. години сеуште е на врвот на светскиот тенис. Сепак, Алкараз во моментов е во сериозна форма што беше денеска доволно за да се победи веројатно најдобриот тенисер на сите времиња.
Конечниот резултат гласи 3:1, по сетови 2:6, 6:2, 6:3 и 7:5.
Ѓоковиќ на задоволство на огромен дел од публиката успеа да го добие првиот сет и светот се понадева на уште еден негов легендарен меч и победа.
Сепак, Алкараз во моментов не случајно е прв рекет на светот, па многу бргу се врати во мечот. Го доби вториот сет со 6:2, и третиот со 6:3.
Во тие моменти се виде дека Ѓоковиќ полека попушта и дека нема сила да се носи со пред се далеку помладиот противник. Четвриот и воедно последнен сет во ова финале, Алкараз го доби со 7:5, откако направи брејк во последниот клуечен гем пред тај брејкот.










