Лазаров: Мора да го следиме скандинавскиот стил, да вложуваме во младите категории!

281

Македонската ракометна репрезентација го освои 14-то место на Европското првенство кое официјално заврши денеска, а го освои Данска. Нашите момци на стартот беа поразени од новиот првак, одиграа реми со Португалија и ја победија Романија.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци потврдија дека се на вистинскиот пат кон градењето на новата генерација, од шампионат на шампионат се подобри. За да ракометот го продолжи трендот на учества на големите првенства, треба сите заедно да работат. Од клубови до федерацијата, за да може да се надополни она мало влијаније кое Македонија го има во светот на ракометот во секој поглед.

Лазаров беше гостин во МРТ, напомена дека треба да им се даде поддршка на судиите, мислејќи на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кој не беа дел од ова ЕП откако ЕХФ ги тргна од листата поради сомнение за веродостојноста на фитнес тестот.

ПретходноАндреј двоцифрен, Тренто направи изненадување кај Виртус
СледноХрватските ракометари ќе останат без дочек во Загреб поради контроверзниот пејач Томпсон?