Македонија ќе ја пречека Белгија во Куманово

180

Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот на март продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ ќе одиграат двомеч со Белгија.

Првиот дуел го играат на гостински терен на 4. март, додека три дена подоцна на 7. март ја пречекуваат истата селекција. РФМ донесе одлука овој натпревар да се игра во салата во Куманово.

За постетување, Македонија е во групата 3 заедно со Словенија и Германија. Во првите два меча запиша два порази, на првиот меч беше совладана од Германија на гостински терен, додека на вториот беше минимално поразена од Словенија.

ПретходноЕкстра засилување: Шкендија Арачиново се пофали со Бесар Исени!
СледноДанска сонува за „триплета“, Германија има една цел – да ја расипе забавата во Хернинг!