Искусниот Александар Мишов е следното засилување на Силекс за оваа зима. Кратовци во овој преоден рок се обидуваат да се засилат што е можно повеќе, па Мишов секако дека може да се вбори во оние новитети кои ќе прават разлика.
Досегашниот играч на Тиквеш си замина до неговиот матичен клуб и се сели во Силекс. Кратовци сезонава имаат добри резултати, одлично котираат на табелата и секаата излез во Европа.
Некогашниот пак младински репрезентативец на Македонија има доста искуство што домашно што интернационално и нема да му биде потребно премногу време за да го пронајде своето место во тимот на Александар Васоски.















