Реал го израмни рекордот на Барселона по број на досудени пенали

91

Реал Мадрид за само 22 одиграни натпревари оваа сезона во Ла Лига изведе 11 пенали. Со денешниот пенал кој го реализираше Мбапе на натпреварот против Рајо Ваљекано, Реал (М) го израмни рекордот по бројот на досудени пенали за еден тим во овој период од шпанското првенство.

Толку пенали по 22 кола имаше и Барселона во сезоната 1950/51 (12 пенал во целото првенство), како и Атлетико Мадрид во сезоната 1978/79 (12) и Барселона во сезоната 2015/16 (19).

ПретходноЈувентус убедлив кај Парма, се врати во Топ 4