Андреј двоцифрен, Тренто направи изненадување кај Виртус

172
Фото: Тренто/Фејсбук

Уште една одлучна партија на нашиот Андреј Јакимовски во дресот на Тренто. Вечерва неговиот тим со чудесен финиш успеа да го совлада фаворитот Виртус Болоња и тоа на гостински терен со 85:87 иако во самата завршница домашните влегоа со комотна предност.

Јакимовски со 12 поени, 6 скока и 2 асистенции за околу 32 минути поминати на паркетот, повторно беше еден од одлучувачките кошаркари во составот на Тренто.

За тимот на Андреј оваа победа ги искачи на 7. место на табелата и ги остава во трка за ТОП 8 и место во плеј-офот.

Претходно„Бомба“: Бензема пред трансфер во еден од европските гиганти?!
СледноЛазаров: Мора да го следиме скандинавскиот стил, да вложуваме во младите категории!