Данска го оствари големиот сон – Европска титула за „триплета“

222
Фото: ИХФ/Колектив

Финална пресметка како што доликува за едно Европско првенство. Данска е новиот првак, откако по голема битка ја победи Германија со 34-27 (18-16). На овој начин оваа селекција успеа да ги обедини трите круни, светската, олимписката и европката. Данска е втората земја после Франција која успеала во ова. Николај Јакобсен и неговите момци го освоија третиот златен медал.

Питлик имаше осум гола, Хансен и Гидсел постигнаа по седум погодоци. На другата страна Волф имаше 16 одбрани, Кнор и Гола имаа по пет погодоци.

Првото полувреме мина во изедначен игра, со тоа што домаќинот во 15-та минута имаше водство од 10-7, на одморот Данска имаше позитива од два гола (18-16). Волф беше одлично расположен, на двапати не му дозволи на противникот при 21-19 да дојде до плус три. Во добра форма беше и Мелер, одлично ја чуваше мрежата на својата репрезентација. Данска во ова конечно успеа во 40-та минута (22-19).

Нешто подоцна избраниците на Јакобсен дојда на плус четири (26-22), а тоа што не земаа поголем замав е заслуга на Волф, искусниот голман ја враќаше Германија во игра. Сепак Данска повторно дојде до највисоката позитива, на четири минути до крајот резултатот беше 31-27. Од овој момент домаќинот почна цврсто да чекори кон шампионската титула, беше јасно дека мечот ќе заврши во еден правец.

ПретходноСити кај Тотенхем имаше 0:2, но не победи: Мајсторија на Соланке! (ВИДЕО)
СледноИнтер ја продолжи трката по Скудетото