Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот на март продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ ќе одиграат двомеч со Белгија.
Првиот дуел го играат на гостински терен на 4. март, додека три дена подоцна на 7. март ја пречекуваат истата селекција. РФМ донесе одлука овој натпревар да се игра во салата во Куманово.
За постетување, Македонија е во групата 3 заедно со Словенија и Германија. Во првите два меча запиша два порази, на првиот меч беше совладана од Германија на гостински терен, додека на вториот беше минимално поразена од Словенија.










