Торино со минимален триумф над Лече

30

Со голот на Чи Адамс, тимот на Торино попладнево успеа на домашен терен да слави со минимални 1:0, против тимот на Лече во првиот дуел од денешната Серија А програма.

Шкотскиот интернационалец успеа да погоди во 29 минута за водство, а потоа резултатот повеќе не се менуваше.

Торино со оваа победа стигна до 26 поени и е на тринаесеттото место, додека Лече има 18 поени и е на позицијата седумнаесет. Лече го чека тешка битка за останок.

 

ПретходноМишов е новиот напаѓач на Силекс
СледноШевченко: Имаме добри тенисери, кои можат да играат за репрезентацијата