Финалето не е завршено, а Гидсел веќе испиша историја на Европските првенства

158

Во овој момент се игра финалето на Европското првенство помеѓу Данска и Германија. Победникот е тешко да се погоди иако во овој момент актуелниот светски и олимписки првак ја има предноста, сепак ништо нема да биде готово до самиот крај.

Иако финалето не е завршено, сепак Матијас Гидсел се заапиша во историјата на Европските првенства, до овој момент има вкупно 66 гола, со што го надмина Сандер Сагосен, кој во 2020 година постигна 65 гола.

На Топ 5 листата е Кирил Лазаров, кој во 2012 година постигна 61 погодок.

ПретходноМаџари го “реши“ МКК Куманово за седма победа во сезоната!
СледноСити кај Тотенхем имаше 0:2, но не победи: Мајсторија на Соланке! (ВИДЕО)