Шкендија потврди: Решат Рамадани и во следните шест месеци ќе биде позајмен од Динамо Киев

54

Македонскиот репрезентативец, Решат Рамадани, и официјално останува во Шкендија. Повторно како позајмен фудбалер од тимот на Динамо Киев, со кого има активрн договор.

Шкендија ова го потврди предмалку додавајќи дека Динамо се согласи Рамадани да има право да ги одигра и европските мечеви за тетовци следното лето.

Со тоа, Шкендија врши голема работа што се однесува до зачувување на костурот на тимот. Рамадани има фантастична полусезона зад себе, обезбедувајќи со Шкендија европска пролет.

 

ПретходноАлкараз е освојувач на Австралија Опен
СледноНовак: Карлос ти посакувам десетгодишна доминација