Јувентус се врати на четвртото место во Серија А откако вечерва со убедливи 1:4 славеше на гостувањето кај Парма. „Старата Дама“ одигра одличен натпревар и победата ја најави уште во првите 45 минути со головите на Бремер и Меккени.
Во второто полувреме Камбиасо си постигна гол и им даде надеж на домашените. Сепак, до крајот Бремер и Давид погодија за 1:4, и убедлива победа на гостите.










