Гидсел: Посебно е чувството да станеш европски шампион пред Кралицата

244
фото: HandNews @HandNewsfr (X)

Со 68 постигнати гола, Матијас Гидсел го заврши Европското првество како најдобар стрелец, а притоа ја доби и наградата за најкорисен ракометар на шампионатот (МВП). Новиот владетел на Европа и светот, Данска, вчера на домашен терен ја прослави европската круна, а најдобриот ракометар во светот во моментов изјави дека му е особено драго што испишаа историја на домашен терен.

„Секогаш ми значи кога ќе бидам запишан во историјата. Би лажел ако кажам дека не е така. Но, она што ми значи најмногу е да можам да ги оправдам очекувањата што ми се поставени – и од моите соиграчи, од навивачите и најважно од сè, од моето семејство. Горд сум што кралицата и сите од Кралската куќа доаѓаат на нашите натпревари и не поддржуваат. Тоа е огромно нешто за нас. Тоа само ја покажува поддршката што го овозможи златото на Европското првенство“, изјавил Гидсел.

ПретходноНБА ги комплетираше учесниците на Ол-Стар викендот
СледноСкок од 12 места на ВТА листата: Лина се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот