Спектакуларен дочек на “бронзените“ во Загреб, им пееше и Томпсон! (ФОТО)

1316
ФОТО: РТЛ Принтскрин

Сепак имаше дочек во Загреб, и тоа спектакуларен, за хрватските ракометари, за “каубоите“ кои на штотуку завршеното ЕП го освоија бронзениот медал.

Од фотографиите се гледа дека плоштадот “Бан Јелачиќ“ во главниот град на Хрватска беше претесен да ги прими сите фанови кои дојдоа вечерва во центарот на Загреб да им одадат чест и признание на своите ракометари и заедно да го прослават големиот, уште еден, успех на хрватскиот спорт, пред се хрватскиот ракомет.

No description available.

Избраниците на селекторот Дагур Сигурдсон се херои на нацијата, одиграа фантастично европско првенство и со право заслужуваат ваква прослава.

Да, пееше и контроверзниот пејач Томпсон, поради кого овој дочек или прослава малку недостигаше и да се одржи. Имено градските власти на Загреб му забрануваат на Томпсон да пее во градот Загреб, а него го бараа ракометарите да им пее на оваа прослава. Откако вчера беше откажана прославата за денеска, сепак пресврт. Дочек имаше, прослава имаше а пееше и самиот Томпсон.

ПретходноБорозан најави: ГРК Охрид ќе атакува на сите три трофеи
СледноТрансфери: Официјално Лукман во Атлетико Мадрид, Ларсен потпиша за Кристал Палас, Тонали останува во Њукасл