Јокиќ и Денвер немоќни пред шампионот: Оклахома славеше кај Нагетс

235
фото: OKC THUNDER @okcthunder (X)

Денвер го загуби големото дерби против Оклахома Сити со 111-121 во најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата. Ова беше 17-ти пораз за Денвер оваа сезона.

Пејтон Вотсон беше предводник на домашните со 29 поени, додека српскиот центар Никола Јокиќ имаше 16 поени (6/9 од поле), осум асистенции, седум скока и една украдена топка за 29 минути игра.

Шеј Гилџес-Александеар од Оклахома беше најдобар на теренот со 34 поени и 13 асистенции.

Лос Анџелес Клиперс го победија Феникс со 117:93 на гостински терен за 23-та победа сезонава. Најефикасен играч на теренот беше Кавај Ленард со 25 поени и осум скока. Најефикасен играч во тимот на Феникс беше Грејсон Ален со 23 поени и осум асистенции.

Мајами дома беше подобар Чикаго со 134:91. Во фантастичната партија на „жешките“ со по 20 поени Пеле Ларсон и Бам Адебајо беа носители на победата. Најефикасен играч за тимот на Чикаго беше Коби Вајт со 16 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бруклин 130:77

Мајами – Чикаго 134:91

Торонто – Јута 107:100

Вашингтон – Сакраменто 116:112

Њујорк – ЛА Лејкерс 112:100

Феникс – ЛА Клиперс 93:117

Портланд – Кливленд 111:130

Сан Антонио – Орландо 112:103

Денвер – Оклахома Сити Тандер 111:121

ПретходноРеал го израмни рекордот на Барселона по број на досудени пенали
СледноРеал ќе остане без Белингем повеќе од еден месец