Милијана Рељиќ со бронза на Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите

15

Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ дојде до уште голем успех, таа викендов освои бронзен медал на Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите.

Во првата борба Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди.

Во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко исто така со 2:0 во рунди. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила поради повреда ја откажа борбата.

ПретходноАко продолжи со овој ритам, Алкараз ќе го стигне рекордот на Ѓоковиќ за 9 години!
СледноНајголемиот пораз на Победа Прилеп!!!