Ване Јованов прави трансфер во Унгарија

220

Македонскиот иунтернационалец и некогашен младински репрезентативец на Македонија, Ване Јованов, е пред трансфер во тимот на Нирегихаза во Унгарија.

Досегашниот член на тимот на Вараждин во Хрватска, се сели во Унгарија во тимот каде што своевремено настапуваше и Дарко Велковски, македонскиот А репрезентативец кој што пред два дена се врати во Вардар.

Јованов е дете на штипска Брегалница, а во кариерата настапуваше и за екипите на Вардар, Брера, Победа, Каменица Саса….

За младинските репрезенатции на Македонија дефанзивецот одигра преку дваесет официјални мечеви.

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА СК ПЕЛИСТЕР БИТОЛА И МАКЕДОНСКОТО АЛПСКО СКИЈАЊЕ
СледноШаркоски ќе напаѓа за Шкендија Арачиново