Вуко Борозан си замина од Вардаар 1961, но не и од Македонија. ГРК Охрид е новата дестинација на црногорскиот бек. Тој и официјално беше промовиран како ново засилување на езерскиот тим.
Со потпишувањето на Борозан, ГРК Охрид ги потврди амбициите за оваа сезона. Во клубот е вложена сериозна сума на пари. Па се очекува да се вмеша за титулата, и секако да оствари успех во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година со македонски производ го свои Алкалоид.
Левиот бек се врати во Вардар 1961 во 2024 година, но по завршување на полусезоната одлучи да се раздели со „црвено-црните“ и да го облече дресот на ГРК Охрид.










