Муричи и компанија ја “растурија“ Севиља

46
ФОТО:facebook.com/RCDMallorcaOficial/

Мајорка на свој терен ја победи Севиља со 4:1 во натпреварот од 22-то коло на Ла Лига. Мајорка сега има ист број бодови како и нивниот вечерашен ривал, 24, и се наоѓа на 15-та позиција. Севиља е 14-та на табелата, додека Елче е исто така 13-та на табелата со 24 бода.
Муричи беше стрелец на првиот гол на натпреварот кога беше прецизен од пенал во 26-та минута од натпреварот за 1:0.
Кон крајот на првото полувреме, на 45+1. минута од играта, Севиља израмни преку Мопај, на асистенција на Фернандез. Не долго по враќањето на теренот, Мајорка го врати водството преку Коста во 53-та минута, а потоа Муричи му асистираше на Дардер за третиот гол за домашниот тим за големите 3:1.
Ова не беше ниту крајот на доминацијата на Мајорка, бидејќи во 90+4. минута Торе постигна гол за конечни 4:1.

Претходно„Црните мачки“ покажаа сила против Барнли