Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип со 3:0 (25:19, 25:19, 25:16) го победи шампионот Струмица во дербито од второто коло од плејофот во Првата лига мажи.
Мечот мина во знакот на домашните одбојкарки, кои делуваа самоуверено во дуелот со еден од најголемите ривали, во чија игра секако се почувствува отсуството на еден од најискусните играчи, Владо Милев кој кариерата ја продолжи во странство.
На овој дуел поранешниот репрезентативец Васе Михаилов дебитираше на клупата на Струмица како главен стратег и тој им даде шанса на сите играчи кои ги имаше на располагање.
Штип УГД ја разлика од првиот меѓусебен дуел сезонава, беше на ниво на задачата и не си дозволи опуштање и без проблеми го одработи дербито со што останува на врвот на табелата во пресрет на следниот предизвик, гостувањето кај Работнички 71&22 во следното коло.










