Башкими и официјално ги заврши подготовките во Медулин

84

Македонскиот прволигаш Башкими денеска и официјално ги заврши зимските подготовски кои ги одработи во Медулин, Хрватска, и се враќа дома во Куманово.

Башкими одигра неколку пријателски мечеви, добро се подготви и како што и самите кумановци велат едвај чека да стартува ПМФЛ шампионатот.

Во првото коло Башкими се среќава со тимот на Работнички на свој терен. Шестата позиција на табелата како и 22. освоени бодови на кумановци им овозможуваат во моментов комотна ситуација, но далеку дека се е готово во домашниот шампионат.

ПретходноЖенската А репрезентација ги стартува подготовките за мундијалската кампања
СледноПочина поранешниот италијански фудбалер Николас Џани