И покрај строгите правила, дански ракометар ја прегрна кралицата (ВИДЕО)

628

Данскиот репрезентативец Мадс Сване (23) дебитираше на Европското првенство во ракомет, на кое неговата репрезентација ја освои златната медала. По освојувањето на европската титула со Данска, младиот ракометар за време на свеченото доделување на медалите ја прегрна данската кралица Мери – потег што изненади многумина. Моментот можете да го видите ТУКА.

Кралицата Мери беше меѓу 15.000 гледачи кои во неделата го следеа финалето на Европското првенство, а по натпреварот учествуваше и во церемонијата на доделување медали. Кога на ред дојде 23-годишниот Мадс Сване, тој спонтано ја прегрна кралицата.

„Дури кога застанав пред неа сфатив дека е таа. Потоа ја прегрнав, исто како и сите други. Тоа беше налет на радост, морав да ја прегрнам“, објасни Сване. На прашањето како реагирала кралицата, тој одговори: „Мислам дека ми возврати со прегратка, така што сум прилично задоволен.“

Кралската прегратка ја забележале и соиграчите на Сване, а ситуацијата не му избегнала ниту на неговиот татко, Ларс Сване Нилсен, кој вели дека кралицата не изгледала навредено, иако прегратката можеби не била во согласност со вообичаениот протокол.

На крај, вреди да се спомене дека Мадс Сване не беше единствениот што го прекрши протоколот – кралицата ја прегрна и селекторот Николaj Јакобсен.

ПретходноМуричи и компанија ја “растурија“ Севиља
СледноШенгун блескаше во Индијана (ВИДЕО)