Ѓорѓи Стоилов (30) е нов играч на Билис, тим од елитната лига на Албанија. Откако вчера овој тим се засили со Диме Димов, денеска и втор Македонец во таборот на Билис. Ова значи дека по подолго време Димов и Стоилов ќе играа заедно во ист тим како што некогаш играа во Турново.
Инаку Стоилов во изминатите три сезони беше дел од тимот на Македонија ЃП, претхдно играше за Шкупи, Зира, Брера и секако Турново. Искусниот играч за врска секако дека ќе биде големо засилување за Билис, а ова за него ќе биде второ интернационално искуство, по она во Азербејџан, во тимот на Зира.










