Повеќе од јасно е дека под водство на Ханси Флик, Барселона игра фудбал кој е спектакуларен, во Шпанија е неприкосновен, се чека само уште на трофејот во Лигата на Шампионите.
Германецот е миленик на сите во клубот, а посебно на фановите.
За ова свој коментар денеска имаше и Хоан Лапорта, првиот човек на клубот:
„Флик ќе ја тренира Барса колку што сака ако повторно станам претседател. За нас беше важно да имаме некој со такво искуство и знаење во тимот. Тој не е само феноменален тренер, туку и неверојатна личност. Тој е голем стратег и знае како да управува со тим од многу млади играчи покрај искусни играчи. Го знаевме тоа од првиот ден кога работеше за нас. Тој е идеален тренер за сегашниот тим на Барселона. Благодарение на него, поминуваме низ многу пријатен период.“ посочи Лапорта.










