Познато е дека на 19 и 26 февруари, Шкендија во меч од нокаут-фазата во ЛК ќе ги одмери силите против турскиот Самсунспор. Првиот меч се игра во Скопје, а реваншот во Турција.
И кога сме кај Самсунспор, вчера и денеска информациите од Турција, па и од Островот, велат дека овој тим би можел да добие големо засилување во пресрет на двомечот со нашиот шампион. И тоа Рахим Стерлинг, некогашната мега – ѕвезда во ПЛ и некогашен член на Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Челзи.
Имено постои интерес, а некои медиуми се децидни и пренесуваат дека има преговори меѓу Стерлинг и Самсун.
На оваа тема свој коментар имаше и претседателот на Самсунспор, Јуксел Јилдирим.
“Имаме контакт со менаџерот на Стерлинг, секако дека сме заинтересирани за да дојде кај нас, ама се уште нема официјална понуда“ посочи Јилдирим.










