Селекторот на Хрватска во елемент – зема гитара и направи „фешта“ (ВИДЕО)

257

Илјадници навивачи ја пречекаа хрватската ракометна репрезентација на Плоштадот бан Јосип Јелачиќ во Загреб, откако на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска освоија бронзен медал. Хрватските ракометари пристигнаа на бината предводени од селекторот, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој и во славјето се покажа како човек со многу таленти.

По завршувањето на славјето, ракометарите и нивниот селектор Сигурдсон ја продолжија прославата во порелаксирана атмосфера во еден загрепски ресторан. Во еден момент Сигурдсон ја земја гитарата и му се придружи на бендот.

Моментот можете да го видите ТУКА. 

ПретходноРусија се враќа во светскиот фудбал? Инфантино: Забраната не постигна ништо!
СледноГаздата на Челзи вмешан во скандалот со Џефри Епштајн!