Не стивнува бурата во светот на фудбалот, а посебно во Украина откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави дека на Русија би требало да и си дозволи да учествува барем во младинските категории.
Секако дека ова Украинците ги разгневи ако се знае дека веќе четири години нивната земја е под агресија на Русија.
Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибига го обвини претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека е „морален дегенерик“ откако ја критикуваше забраната за руски спортисти. Инфантино во понеделник за Скај њуз изјави дека забраните и бојкотите „не прават ништо и само придонесуваат за поголема омраза“, додавајќи дека на Русите треба да им биде дозволено да се натпреваруваат „барем на младинско ниво“.
Во одговор на социјалната мрежа X, највисокиот украински дипломат ја обвини Русија за убивање цивили.
„И додека таа продолжува да убива, моралните дегенерици предлагаат укинување на забраната, и покрај фактот дека Русија не ја завршила својата војна“, напиша Сибига.
Сибига тврди дека идните генерации ќе ги сметаат изјавите на Инфантино за срамни и го спореди неговиот став со Олимписките игри во 1936 година организирани од нацистичка Германија.










