Арсенал со гол во 97. минута го потврди местото во финалето на Карабао Купот

63
фото: Carabao Cup (X)

По пауза од 8 години, Арсенал ќе игра во големото финале на англискиот Карабао Куп. Вечерва во реванш полуфиналето против Челзи, момците на Микаел Артета славеа со 1:0 со голот на Каи Хаверц во последните секунди од 6-минутното судиско продолжение на „Емирати“. Ако на оваа победа се придодадат и оние 3:2 кои „топчиите“ го донесоа од гостувањето кај Челзи, јасно е дека пласманот во големото финале е сосема заслужен.

Арсенал последен пат играше во финале на Карабао Купот во 2018 година, кога загуби, а во своите витрини „топчиите“ имаат само два трофеи од ова натпреварување. Последен пат троумфираа во 1993 година.

ПретходноИзгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња
СледноБарса не доволи ново изненадување и го елиминираше Албасете од Купот на Кралот