Германија со освојувањето на сребрениот медал на Европското првенство во ракомет оствари успешен резултат, но селекторот Алфред Гисласон ја искористи приликата за остра пресметка со своите критичари. По турнирот на кој неговата репрезентација ја покажа својата сила, исландскиот стручњак не штедеше зборови на сметка на поранешни репрезентативци кои го коментираа неговиот и работата на селекцијата, пренесуваат германските медиуми.
Запрашан за острите критики за време на турнирот, кои доаѓаа и од поранешните репрезентативци, Гисласон за „Билд“ изјави:
„Сите знаеме дека тие всушност и не се разбираат многу. Штом германската репрезентација ќе одигра малку послабо, секој од тие самопромотори е подготвен да нè исплука. Никој од нив никогаш не бил тренер“
Михаел Краус, еден од пранешните репрезентативци изјави:
„Алфред катастрофално ја водеше натпреварот. Потполно промаши со тактиката.“
На селекторот му беше замерено и тоа што во клучен момент против Србија предоцна побара тајм-аут.










