Изгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња

46
фото: AC Milan (X)

Фудбалерите на Милан славеа на гости кај екипата на Болоња со 3:0 во натпревар од Серија А. Херој во победата на Милан беше Адриен Рабио, кој постигна гол и асистенција, додека Рубен Лофтус-Чик и Кристофер Нкунку исто така постигнаа голови, едниот од пенал.

Со овој триумф, Милан се доближи до Интер на -5 бода, а избега од Наполи на +4, односно од Јувентус на +5, додека Болоња продолжи да тоне, ова е нивниот трет пораз по ред, и сега се 10-ти на табелата.

Во следното коло, Милан гостува кај Пиза, додека Болоња ја пречекува Парма.

ПретходноЦрвена Звезда триумфално против Хапоел, Партизан загуби со последниот шут на Макаби
СледноАрсенал со гол во 97. минута го потврди местото во финалето на Карабао Купот