Сигурдсон откри како од мал бил “поврзан“ со Хрватска!

176
ФОТО: Hrvatski rukometni savez/FB

Исланѓанецот Дагур Сигурдсон се покажа како идеално решение за селектор на ракометната селекција на Хрватска. На последните две големи првенства, тој со своите избраници освои две медали. Важи за голем стратег, а посебно по штотуку завршеното ЕП, на кој Хрватска заврши како трета, е миленик на фановите во таа земја.

Инаку Сигурдсон, за хрватските медиумуи откри една семејна тајна околу тоа како уште мал и тоа како бил “поврзан“ со Хрватска.

Одлуката да дојдам во Хрватска беше чиста интуиција и страст, и потреба да пробам нешто ново. Има една интересна работа. Мојот помлад брат отсекогаш бил голем обожавател на хрватскиот спорт. Тој едноставно обожава сè што доаѓа од Хрватска. Дури и како дете, секој пат кога избирал тим, секогаш ја избирал Хрватска, па затоа секогаш таа била во нашиот домашен етер. Неверојатно. Кога дојдов да преговарам со Федерацијата, тој ми рече: „Доаѓам со тебе“. Мојот најдобар пријател, адвокат, ни се придружи“, изјави Исланѓанецот.

ПретходноЛапорта: “Флик ќе биде тренер на Барселона додека сака тој!“
СледноПо голема борба Тофаш на Рајковиќ поразен во ФИБА ЛШ