Неверојатна последна четвртина која вечерва им донес епобеда на кошаркарите на Црвена Звезда во рамките на новото коло во Евролигата. Белградските „црвено-бели“ направија пресврт и славеа против екипата на Хапоел со 87:75.
Црвена Звезда оствари голема победа во еден од дерби натпреварите од 26-то коло со неверојатна последна четвртина, во која примија само шест поени!
Нвора со 22 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај Хапоел Џонс постигна 16 поени.
Вечерва во Тел Авив, Партизан го потврди растот на својата форма, па во споредба со натпреварот во Белград против истиот ривал, овој пат покажаа огромно подобрување во својата игра, a имаше и големи шанси за победа.
На крајот, сепак не беше доволно добар за победа над Макаби. Домашните славеа со 95:93 со поените на Кларк и звукот на сирената, што е 18-ти пораз на Партизан во 26 кола од Евролигата.










