Ѓорческа со триумф на стартот на ИТФ турнирот во Порто

115

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа „тргна“ со победа на ИТФ 50 Порто турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа во првиот меч од турнирот „главен костур“ ја победи Швајварката Илена Ин -Албион со 2-0 во сетови (62 и 63) за 76 минути игра.

Во првиот сет македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше серија од четири освоени гема за водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3.

Во следното коло противничка ќе и биде Германката Настасја Шунк, која со 2-0 во сетови (62 и 61) ја совлада Португалката Миља Секуеира. Мечот ќе се игра во четврток.

ПретходноБилетите за бараж дуелот Данска – Македонија се веќе во продажба
СледноЖенската А репрезентација ги стартува подготовките за мундијалската кампања