Срамно: Српска министерка жестоко удри по Новак!

414
ФОТО:Screenshot

Тоа е тоа. Така е тоа во Србија, во земјата каде одреден дел од народот, секако по задача од властите и тоа како удираат по најдобриот тенисер на сите времиња, по најпознатиот Србин и веројатно најпознатиот во историјата на таа земја, заедно со Никола Тесла.

Јасно е дека Новак од АО, од Мелбурн испрати “специјална“ порака.

Порака за нашите луѓе во Србија: Правдата и вистината секогаш победуваат. Нека истраат!“, рече тогаш Новак, алудирајќи на борбата на студентите и голем број луѓе против режимот на Александар Вучиќ.
Секој човек кој не е на иста бранова должина како нив е под напад на режимот на СНС, а зошто тоа да не биде Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите спортисти на сите времиња.
А еве што напиша извесна Зорана Михајловиќ, министерка во владата на Србија: „Одвратно е. Без разлика колку е одличен спортист, човек кој едвај завршил основно училиште и бил исфрлен од средно училиште испраќа порака. Па што би направил, би ја водел земјата? Да ги користи сопствените деца во политичка кампања“, напиша Зорана Михајловиќ.

Толку да се немало респект кон својот Ноле навистина е несфатливо, одвратно… што би рекла оваа извесна персона.

ПретходноУкраинците го нарекоа Инфантино – “морален дегенерик“!
СледноКога имаш премногу пари: Принцот лично плати за трансферот на Бензема и за шесте нови имиња во Ал Хилал!