Готово е: Салах на лето си оди од Ливерпул, познат е неговиот нов клуб!

654
ФОТО: Liverpool FC/FB

Се чини дека, барем последните информации од Островот, Мохамед Салах си оди од Ливерпул. Во изминатите месеци имаше многу шпекулации околу неговата иднина, имаше и спор со тренерот Арне Слот, но сега веќе е готово.

Салах е најдобриот играч на Ливерпул со години и успеа да освои речиси сè што можеше со овој клуб.
„Црвените“ го доведоа Салах во летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра и тоа се покажа како еден од најдобрите трансфери што некогаш ги направиле. Египетскиот интернационалец импресионира со своите настапи за клубот од „Енфилд“ со години, но за жал се чини дека неговата бајка во дресот на „Црвените“ завршува.
Сè започна пред неколку месеци кога Салах дури беше исфрлен од првиот тим поради коментари за Арне Слот, а потоа не ја доби поддршката од клубот и навивачите на која се надеваше бидејќи тие застанаа покрај тренерот. Сепак, страстите се смирија, а по Африканскиот куп на нации, Салах се врати во почетниот состав на Ливерпул, а во неколку претходни натпревари покажа дека е сè уште првата ѕвезда на англискиот гигант.
Сепак, иако ситуацијата околу Ливерпул и Салах се смири, се чини јасно дека најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ на лето и ќе ја продолжи кариерата надвор од Англија, но и од Европа.
Салах неодамна се поврзуваше со трансфер во ПСЖ, но утрово англиските медиуми објавија дека следната дестинација за 33-годишниот фудбалер најверојатно ќе биде Саудиска Арабија.
Англискиот новинар Дејвид Орнштајн наведува дека Ал Итихад навистина “загризал“ за Салах, па дури и ја подобриле понудата што му ја дале минатото лето, сè со цел да доведат нова ѕвезда по неочекуваните заминувања на Карим Бензема и Н’Голо Канте.
На крајот од сезоната, Салах ќе влезе во последната година од договорот со „Црвените“, а неговата непосредна одлука е дека нема да ја продолжи соработката и дека е време за нов предизвик.
Ливерпул би можел да инкасира над 30 милиони евра со продажба на Салах, што би ги направило многу задоволни.

ПретходноМице Шилегов потпиша за РК Бутел Скопје
СледноУрнебесно: “Избројав само 77 луѓе на трибините, ако ги сметаме и оние кои што стојат!“