Клубот со кој никој не сака да игра пријателски оваа зима, промовираше две прволигашки засилувања! (ФОТО)

804
ФОТО:facebook.com/gfkohrid

ГФК Охрид од денеска е посилен за Абдулхади Јахја и Дарко Илиески. Секако дека ова се големи засилувања за есенскиот првак во ВМФЛ кој оваа зима и тоа како се “прослави“ по онаа пријателска со Работнички кога прими осум голови. Потоа сите клубови од Македонија ги откажаа своите пријателски со ГФК Охрид.

Дарко Илиески доаѓа од редовите на Тиквеш. Тој во својата кариера има околу 200 настапи во првата македонска фудбалска лига. Искусниот Илиески настапува на стоперската позиција. Покрај екипата на Тиквеш има настапувано за екипите на Победа, Ширак од Арменија, Борец, Шкупи, Пелистер, Копер од Словенија, Струга, Шкупи, Истиклол од Таџикистан и Билис од Албанија.

Абдулхади Јахја доаѓа од редовите на Башкими и ги покрива крилните позиции. Популарниот Шкор во својата кариера има 150 настапи во првата македонска фудбалска лига. Јахја покрај екипата на Башкими има настапувано и за екипите на Струга и Воска.

ПретходноПоранешен тенисер тврди: Ѓоковиќ би можел да се пензионира
СледноЃорѓи Христов за FFM Podkast: Голот не е момент, туку карактер! (ВИДЕО)