Пеп Гвардиола со силен политички говор за Палестина, Украина, САД…

166
ФОТО: Manchester City/FB

Пеп Гвардиола не само што е познат како еден од најдобрите тренери во историјата, туку е човек кој што говори и за она што се случува во светот, не само во фудбалот.

Тој вети дека ќе продолжи да ја користи својата платформа за да говори за жртвите на глобалните конфликти и насилство низ целиот свет. Шпанецот зборуваше на прес-конференција пред полуфиналето на Лига купот против Њукасл, пет дена откако ја изрази својата поддршка за децата на окупираните палестински територии на добротворен концерт во Барселона.

Никогаш во историјата на човештвото не сме ги имале информациите пред нашите очи толку јасно како сега“, им рече Гвардиола на новинарите, цитирани од Ројтерс.

Геноцидот во Палестина, што се случи во Украина, што се случи во Русија, што се случува низ целиот свет – во Судан, насекаде. Што се случува пред нашите очи? Дали сакате да го видите тоа? Ова се наши проблеми како човечки суштества. Проблемите се наши“, додаде тој.

Гвардиола рече дека општеството мора да работи колективно за да се подобри.

Погледнете што се случи во САД, Рене Гуд и Алекс Прети беа убиени. Кажете ми како некој може да го одбрани ова?“, коментираше Шпанецот за убиствата на двајца американски државјани од страна на агенти на имиграциската и царинската служба, што доведе до масовни протести во земјата.

Кога ги гледам сликите, многу ме боли. Затоа зборувам вака во секоја прилика, за да го подобрам општеството, ќе се обидам и ќе бидам таму. Цело време. За моите деца, моето семејство, за вас. Нема совршено општество, никаде не е совршено, јас не сум совршен – сите мора да се обидеме да бидеме подобри“, додаде Гвардиола.

ПретходноЃорѓи Христов за FFM Podkast: Голот не е момент, туку карактер! (ВИДЕО)
СледноПријателски: Тиквеш со “минималец“ до победа, Работнички подобар од Кожув