Столе одбрани пенал, но Валенсија прими гол во 96 минута и заврши со Копа дел Реј (ВИДЕО)

125
фото: Valencia CF (X)

Валенсија на нашиот Столе Димитриевски доживеа елиминација во четвртфиналето на Копа дел Реј, откако вечерва на домашен терен загуби од Атлетик (Б) со 1:2. Моментот на одлука беше 96. минута кога Инаки Вилијамс го совлада нашиот репрезентативен голман и ги постави конечните 1:2.

Претходно, Валенсија во 26. минута си постигна автогол и им дозволи на гостите да дојдат во водство, а подоцна успеа да израмни на 1:1. Во вториот дел, гостите во 77. минута добија удар од белата точка, но Столе не дозволи радост за Баскијците (ВИДЕО). Тој успеа да му гоодбрани пеналот на Хаурегизар, но подоцна не успеа да го спречи и налетот на Вилијамс во послендите моменти од судиското продолжение.

ПретходноСити против Арсенал во големото финале на Карабао Купот