Бојан Миовски го постигна и четвртиот гол во дресот на Ренџерс оваа сеозна, во победата од 4:1 на неговиот тим вечерва во натпреварот против Килмарнок во 25. коло на шкотската Премиер лига.
Ренџерс одигра одличен натпревар, а нашиот репрезентативец стрелаше прецизно во 58. минута за водство на домашните од 2:0. Миовски остана на теренот до 76. минута кога беше заменет.
Интересно е што на два меча против Килмарнок, Миовски успеа да постигне дури три гола.










