Охрид пресилен за Прилеп, деби на Борозан со два гола

121

Победнички, без поголеми проблеми, Охрид ја продолжи победничката серија со која запре во првиот дел од сезоната во Суперлигата. Во премиерата на вториот дел од домашниот шампионат, охриѓани вечерва на домашен терен без поголеми проблеми славеа над екипата на Прилеп со 28:17.

Гостите се обидоа да оддржат релативно тесна разлика во првите 30 минути, па застанаа на минус три пред паузата. Во вториот дел момците на тренерот Ројевиќ го засилија темпото и во завршните десетина минути веќе влегоа со предност од 8 голови (23:15). До крајот се беше само рутина.

Во дресот на Охрид дебитираше довчерашниот ракометар на скопски Вардар, Вуко Борозан, кој средбата ја заврши со 2 постигнати гола. Најдобар стрелец беше Ојлески со 8 гола. Кај гостите Квастек постигна 5 гола.

ПретходноТиквеш ја продолжи кризата на Работнички, Кожув убедлив во Гостивар
СледноЗенку од Струга ТЛ потпиша за Хесен-Касел