Поранешен тенисер тврди: Ѓоковиќ би можел да се пензионира

169
Фото: Австралијан Опен Х

Поранешниот американски тенисер Енди Родик ја коментираше изјавата на Новак Ѓоковиќ по Отвореното првенство на Австралија. По поразот во финалето од Карлос Алкараз, Новак рече дека не знае дали ќе игра во Мелбурн следната година.

Родик верува дека самиот Ѓоковиќ не знае колку долго ќе игра, бидејќи тоа многу зависи од неговата форма и физичка подготвеност.

„Тој знае дека e Новак и дека мали чуда живеат во него. Ако го кажал тоа во Австралија, тоа е затоа што не знае што ќе се случи“, рече Родик и додаде:

„Тој сака да зборува за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, но сериозна повреда би можела да го пензионира.“

Новак се врати во Топ 3 тенисери на АТП листата од понеделник, за прв пат по година и пол.

ПретходноКошаркарски маратон со интересни битки
СледноКлубот со кој никој не сака да игра пријателски оваа зима, промовираше две прволигашки засилувања! (ФОТО)