Попладнево се одиграа неколку пријателски натпревари во Македонија.
Тиквеш во натпревар кој се одигра во Кавадарци, успеа со 1:0 да слави против второлигашот Новаци. Победничкиот гол беше дело на Мартин Стојанов во второто полувреме.
Својата “генералка“ во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона 2025/26, кавадарчани ќе ја имаат утре и тоа против второлигашот Тетекс во Скопје.
Во Скопје, на стадионот на Локомотива, ги одмерија силите Работнички и Кожув. На крајот славеа “романтичарите“ со 2:0 и тоа со головите на Ермедин Адем во 28.минута и Дитмир Хоџа во 75.минута.
Ова беше последен меч или “генерала“ за тимот на стратегот Муарем Муарем кој во пролетниот дел ќе води жестока битка за опстанок во елитата.















