ТФТ со цела сила „удри“ по Студент

63

Тимот на ТФТ предмалку на најдобар можен начин успеа да дојде до победа во АБА 2 конкуренција на домашен терен против тимот на Студент. Конечниот резултат гласи, 107:79 и самиот по себе кажува како стоеа работите на овој меч. Карпошани во целост ја покажа својата фаворитска улога на мечот, и освен првичните 7:0 гостите ама апсолутно се останато на овој дуел го одигра во подредена улога.

ТФТ веднаш ја презема улогата и возврати 18:0 серија со што ги постави работите на прав колосек.

На полувреме веќе ТФТ имаше 50:32, а во продолжението таа разлика беше само одржувана.

Гордон е најјефикасен кај ТФТ со 24 поени и четири сока, додека Стенли додаде свои 17. Ташоски наброи поен помалку.

Со оваа победа, тимот на ТФТ дефинитивно се прокламираше како тим кој што најверојатно ќе обезбеди место во плеј офот на ова натпреварување.

 

 

 

ПретходноМарк Андре Тер Штеген оди на операција
СледноМакедонија домаќин на У-16 мажи Европско првенство Б дивизија