Александар Грашески официјално е член на Динамо Загреб

171

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб. Грашески веќе една година е дел од Динамо, а еве сега го потпишува и својот прв дил со тимот од Максимир. Креативецот се враќа од повреда која што го оддалечи од теренот извесен период, а сега откако е потполно фит Грашески се враќа на теренот подготвен да продолжи каде што застана. Инаку тој е капитен на младинските селекции во неговата генерација.

Во Динамо Загреб замина од Њу Старс, а претходно беше дел од младинската школа на Вардар.

ПретходноКонечно: Канте и официјално во Фенербахче!
СледноПионерките ја стартуваа мисијата – Медитерански игри